Москва соодветно ќе одговори македонската одлука

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.

– Ќе има адекватен одговор, нагласил изворот.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, соопшти Министерството за надворешни работи.
Минатата година МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Во моментов се подготвува нацрт-претседателски декрет за визни возвратни мерки во врска со непријателски дејствија на голем број странски земји, рече Лавров.

Лавров потенцираше дека актот ќе воведе низа ограничувања за влез на територијата на Русија. Лавров оцени дека САД и нивните сојузници „очигледно“ објавиле тотална хибридна војна против Русија.

Share This Article