Москва со предупредување до САД да не го провоцираат Пекинг со Тајван

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кремљ денеска ја поддржа Кина во тензиите со Вашингтон во врска со Тајван, предупредувајќи ги САД да не преземаат „никакви провокативни потези“ кои би можеле да ја влошат ситуацијата.

Еден ден откако кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека другите земји не треба да се мешаат во односите на Пекинг со Тајван, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

– Веруваме дека ниту една друга земја нема право да го доведува во прашање суверенитетот на Кина над Тајван или да преземе какви било провокативни чекори – рече Песков.

Тој ги предупреди САД да не преземаат „деструктивни“ потези, наведувајќи дека „таквото однесување на меѓународната сцена може само да ги влоши тензиите бидејќи светот е веќе полн со регионални и глобални проблеми“.

Share This Article