Русија не „очекува промени“ на подобро во односите со Велика Британија по изборот на Лиз Трас за британска премиерка, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ако судиме според изјавите на г-ѓа Трас додека таа сè уште беше министер за надворешни работи, можеме со голема сигурност да кажеме дека не треба да очекуваме промени на подобро“, рече Песков, пренесе агенцијата Тас.
Во понеделникот Лиз Трас победи во трката за лидер на Конзервативната партија, што значи дека таа ќе биде новиот премиер на Британија.
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон беше популарен во Киев поради неговата силна поддршка за таа земја против Русија.
Џонсон три пати бил во Украина од почетокот на руската инвазија.