Главната телевизиска кула во Киев, главниот град на Украина, денеска беше погодена од проектил.
Украинското МВР соопшти дека во нападот е оштетена операмата и дека „каналите нема да работат извесно време“.
Како што објави на Твитер „Киев пост“, постои голема веројатност Русија да се обиде да ја уништи комуникациската инфраструктура.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека кулата е под силно бомбардирање.
Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвуваат за бомбардирање во главниот град на Украина, јавува Би-Би-Си.