More

    Москва мора да биде принудена на мир, вели Зеленски

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва мора да биде принудена да постигне мир и дека војната се враќа во Русија по обидот да ја однесе во други земји.

    Зеленски, исто така, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата рече дека големата украинска офанзива во рускиот регион Курск е прашање што влијае на безбедноста на Украина и дека Киев ги зазел областите од каде што Русија напаѓа.

    – Русија мора да биде принудена на мир – нагласи украинскиот лидер.

    Зеленски истакна дека од 1 јуни руската армија го нападнала украинскиот регион Суми, кој граничи со регионот Курск, околу 2.100 пати.

    – Русија им ја донесе војната на другите, а сега (војната) се враќа во нејзиниот дом. Украина отсекогаш сакала само мир, а ние тоа секако ќе го обезбедиме – заклучи украинскиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img