Москва има црн список од 1.000 лица, меѓу нив е и актерот Морган Фримен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија го прошири на 1.000 лица списокот на Американци на кои им е трајно забранет влезот на нејзина територија. Покрај очекуваните имиња како што се претседателот Џo Бајден, потпретседателката Камала Харис или државниот секретар Ентони Блинкен, на листата има републиканци, извршни директори, новинари, починати сенатори, обични граѓани на САД, па дури и актерот Морган Фримен, пренесува Њузвик.

Сепак, според „Вашингтон пост“, на листата фали едно значајно име, тоа е поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Всушност, единствениот член на администрацијата на Трамп на кој му е забранет влезот е поранешниот државен секретар Мајк Помпео.

Москва, исто така, ги стави поранешните сенатори Џон Мекејн, Хари Рид и Орин Хеч на оваа листа, иако сите тие се починати. Мекејн почина во 2018 година на 81-годишна возраст, Рид во декември на 82-годишна возраст, а Хеч минатиот месец на 88-годишна возраст.

Според „ Вашингтон пост “, на списокот има луѓе од сите сфери на животот. Меѓу нив има рабини, ЛГБТ активисти, еден адвокат од Ајова и еден професор по историја на Јеил.

Русија обрнала внимание и на технолошките гиганти. Директорот на Фејсбук, Марк Џукерберг и на Мајкрософт, Бред Смит се на списокот. Меѓу американските новинари кои нема да можат да влезат во Русија се Дејвид Игнатиус од Пост, Џорџ Стефанопулос од Еј-Би-Си Њуз, Сузан Глејзер од Њујоркер, Брет Стивенс од Њујорк Тајмс и Бијан Голодрига од Си-Ен-Ен.

Едно од најголемите изненадувања на листата е актерот Морган Фримен (84), добитник на Оскар.

Руското Министерство за надворешни работи во образложението наведува дека Фримен е на оваа листа затоа што во 2017 година „снимил видео порака во која ја обвини Русија за заговор против САД и повикување на борба против неговата земја“.

Фримен во видеото зборувал против Русија во име на група граѓани кои се обидувале да ја подигнат свеста за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

– Ние сме нападнати. Во војна сме – изјавил Фримен во видеото.

Share This Article