Москва има нов непријател, Берлин е во хибридна војна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Истекнување на нафта од турбина во гасоводот „Северен тек 1“ е рутинска работа и не е причина да се сопрат испораките, смета германската компанија „Сименс“. Додека Европа остана без гас на неодредено време, портпаролот на Путин во ТВ-шоуто наречено „Москва“ ги обвини Европејците дека носат „апсурдни одлуки“, пренесува Хина.

– Ако Европејците донесат апсолутно апсурдни одлуки, без разлика дали одбиваат да ги одржуваат своите системи или системите на „Газпром“, тогаш вината не е на „Газпром“, туку на политичарите кои одлучија да применат санкции – рече тој и додаде дека Европејците се договорно обврзани да ги задржат системите на рускиот енергетски гигант „Газпром“.

Гасот поскапе за речиси четири пати. Но, тоа не го спречи поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев да го прогласи Берлин за непријател на Москва.

– Германија е непријателска земја затоа што воведе санкции врз целата економија на Русија и нејзините граѓани, и ѝ испорачува смртоносно оружје на Украина што се користи против нашите сили – изјави Медведев според кого Германија објавила хибридна војна, јавува Б92.

Медведев одговори на претходните коментари на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Русија повеќе не е сигурен снабдувач со енергија по затворањето на гасоводот Северен тек 1.

Рекордните трошоци за електрична енергија поврзани со скокот на цените на гасот веќе принудија некои енергетски интензивни индустрии во Европа, вклучително и производителите на вештачки ѓубрива и алуминиум, да го намалат производството и ги поттикна владите на ЕУ да испумпуваат милијарди во програмите за помош на домаќинствата.

– Ефектот од последното намалување ќе зависи од способноста на Европа да снабдува гас од други извори – заклучи Џејкоб Мандел , виш соработник во Аурора Енерџи Рисрч.

Share This Article