Истрагата покажала дека Горан Р. и неговата мајка Леџиба, според претходен договор, наводно ја убиле Нермина, но на многу суров и брутален начин. Наводно купиле мелница за месо за да ги уништат сите докази.
Како што пренесува Аваз, Нермина била физички и психички малтретирана, не ѝ била дозволена секаква комуникација со надворешниот свет.
Несреќната жена немала пристап до мобилен телефон ниту да излезе од станот, а континуирано била сексуално злоставувана со туркање непознати предмети со остри рабови и поголем волумен во нејзиниот вагинален и анален отвор, поради што настрадала од исклучително силна болка.
Со денови ја изгладнувале, ѝ ја скубеле и ја потстрижувале косата и ѝ нанесувале тешки повреди, во вид на тешки скршеници на екстремитетите, со тапи удари по главата и другите делови од телото.
Рацете ѝ биле претходно врзани за да не може да пружи никаков отпор. Колку тие биле брутални, истрагата покажала дека по убиството на несреќната жена, а за да ги сокријат трагите, со разни освежувачи и миризливи свеќи маскирале непријатни мириси од станот.
Истрагата покажала и дека Горан, неговата мајка и нивниот помошник Латиф Ј. „купиле секира, пила, комплет ножеви, неколку пластични кутии, патрони со амонијак за преносни фрижидери, пластични ракавици, пластични одела, заштитни маски, селотејп, кеса за отпадоци“.
Според истрагата, тие купиле мелница за месо, се со цел да го распарчат телото и да го извадат од споменатиот стан и да ги уништат сите докази и траги од бруталното убиство.
Сопругот кој е обвинет за делото на социјалните мрежи објавил статуси во кои пишува за љубовта, и тоа се додека телото на жената било во станот.
„Горан и Динка Нермина Равлиќ се венчаа три пати! Општински! Исламски (шеријатски)! Католички (канонски преобратен во католицизам), и никогаш не се разделија. Љубовта е засекогаш пред нас и за нас и во нас, а утре и за нашите деца на сите им посакуваме се најдобро и да си најдат сродна душа како што се најдовме ние“, напишал Горан Равлиќ со нивната заедничка фотографија, додека несреќната жена била мртва во станот.
Да потсетиме, на седми кат од зграда во сараевската населба Пофалиќи пронајдена е убиената Нермина Р. За нејзиното убиство осомничени се нејзиниот сопруг Горан Р, и свекрвата Леџиба Р, како и помошникот Латиф Ј.
Телото на жената со денови било во станот, а се дознало дека била убиена кога семејството ја алармирало полицијата бидејќи таа со денови не контактирала со нив.
Полицајците кои дошле на местото биле шокирани кога го пронашле нејзиното тело кое било речиси непрепознатливо.