Грчките власти ја укинаа вонредната состојба на островот каде пожарот уништи неколку хотелски комплекси и населени места.
По неколкудневните пожари, животот на Родос полека се враќа во нормала, а санирањето на штетите во подрачјата зафатени од пожарите допрва доаѓа.
Меѓутоа, откако пожарот беше ставен под контрола, беа објавени видеа на кои се гледаат размерите на катастрофата што ја погоди Грција.