More

    Моравjецки: Не направивме доволно да го одбраниме украинскиот народ

    spot_img

    Лидерите на седум земји од НАТО ветија дека ќе го поддржат пристапувањето на Шведска и Финска во Алијансата и ќе обезбедат повеќе тешко оружје за Украина.

    Тие ја дадоа поддршката по неформалниот состанок во официјалната резиденција на холандскиот премиер Марк Руте во Хаг, коорганизиран од Руте и неговиот дански колега Мете Фредериксен. На средбата уште беа претседателот на Романија, како и премиерите на Белгија, Полска, Португалија и Летонија.

    – Не направивме доволно за да ја одбраниме Украина, да го поддржиме украинскиот народ, да ја одбраниме неговата слобода и суверенитет. И затоа Ве повикувам, Ве молам, да направите многу повеќе за снабдување со оружје и артилерија на Украина – рече полскиот премиер Моравjецки.

    На состанокот се зборуваше и за можното членство на Шведска и Финска.

    – Мојата порака во врска со членството на Шведска и Финска е дека силно го поздравувам. Ова е историска одлука. Ќе ги зајакне нив, ќе не зајакне нас – изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој исто така присуствуваше на состанокот.

    Но, Столтенберг, исто така, рече дека Алијансата мора сериозно да ја сфати загриженоста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека нема да дозволи двете земји да влезат во НАТО додека не ја променат политиката за поддршка на курдските борци, кои Анкара ги смета за терористи.

    – Нема сојузник на НАТО што претрпе повеќе од терористички напади како Турција – потсети Столтенберг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img