Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посетил линијата на фронтот кај Бахмут на истокот од земјата, пренесе ДПА. По повод Денот на силите за специјални операции, тој им се заблагодари на тамошните војници за нивната посветеност.
Зеленски на социјалните мрежи објави и видео на кое може да се види како се ракува со неколку борци и им доделува награди.
Украинскиот претседател напиша дека бил информиран и од командантите за ситуацијата во најжестокиот дел од фронтот.
Руските трупи го освоија Бахмут пред неколку месеци по тешки борби. Оттогаш, тие го окупираа градот, кој имаше околу 70.000 жители пред почетокот на руската офанзива.
Во текот на својата контраофанзива, украинската армија сега сака да ги ослободи окупираните области.
Зеленски ги пофали украинските сили за специјални операции за учеството во „најкомплексните“ и најризичните операции.
Тој навести дека може да се открие повеќе за нивните акции откако ќе заврши војната.
„Сега е невозможно да се каже сè за нивната храброст. Само по војната“, напиша тој на Твитер.
Зеленски ги опиша специјалните сили како „украинско движење на отпорот со задача да ја уништи руската логистика и да ги саботира окупаторските сили“.