More

    Моника Белучи ги замени темните со смели тонови

    spot_img

    Моника Белучи, иконата на италијанската убавина, не престанува да воодушевува со својот моден избор, а нејзиното појавување на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш е уште една потврда за тоа. Таа со партнерот, режисерот Тим Бартон, Белучи се прошета на црвениот тепих, а нејзината појава беше вистински моден спектакл.

    Белучи беше облечена во впечатлив црвен комбинезон со широки ногавици и со својот избор излезе од рамките на вообичаената палета на темни тонови. Смелата нијанса на црвеното е во совршена хармонија со нејзината елеганција и сексуалност, коментираат модните критичари.

    Комбинезонот не само што беше во вамп-црвена боја, туку беше украсен и со богат хеклан вез, што го правеше уште поизвонреден. Под везот, се наоѓаше постава во боја на кожа, која создаваше илузија на гола кожа, што дополнително ја нагласуваше елегантноста и предизвикувачкиот карактер на нејзиниот изглед.

    Со ова, убавата актерка ја потврди својата титула како модна икона, која секогаш знае како да покаже елеганција и стил, без разлика на временските трендови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img