More

    МОН објасни зошто ја поништи одлуката за факултетот на Мерко во Струга

    spot_img

    Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада, информираа од Министерството за образование(МОН) во соопштение до јавноста.

    „Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.

    Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија 2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод.

    Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер.

    Новата Влада и Министерството за образованието и наука се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите“, се вели во соопштението на МОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img