More

    МОН ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права

    spot_img

    Преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови, Министерството за образование и наука (МОН) ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права, соопшти вечерва Студентски Отпор.

    „Веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно: постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот, МОН е задолжено на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2.500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за јануари. Студентите кои се прв пат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во ноември, а сега завлегуваме во март. Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата – слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк. Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023 година сѐ уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ“, се вели во соопштението.

    Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк, наведено е таму, се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март.

    „Најнова информација од МОН е дека до 15 март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор. Како што гледаме, МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img