Снимката на кое Меган Маркл го одбива бакнежот од принцот Хари пред 20.000 луѓе ги „запали“ социјалните мрежи, а читачот од усни Џон Кесиди за „Сан“ открил за што разговарале во тој момент.
Да потсетиме, парот отишол на кошаркарскиот натпревар на Лејкерс и Мемфис Гризлис, а кога камерата се свртела кон нив, луѓето почнале да ракоплескаат, поттикнувајќи ги да се бакнат. Хари во еден момент се обидел да ја бакне Меган, но таа ја свртела главата и се насмеала, фаќајќи го за рака, а неговиот израз на лицето кажува се.
Читачот од усни тврди дека знае за што шепотеле и дека во еден момент Меган му рекла на Хари „добро да размисли за нешто“, на што Хари наводно рекол „Да“ и потврдил кимнал со главата.
„Тоа е брилијантно, тоа е она што ти го кажувам“, наводно продолжила таа, а потоа рекла: „Точно, тоа е затоа што ти е таму најмило“ пред камерата да се префрли на друг кадар.
Да потсетиме, ова е нивно прво појавување во јавноста откако беше објавено дека Меган нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс. Хари ќе оди сам, а на церемонијата ќе биде оддалечен од остатокот од семејството и веднаш по церемонијата ќе брза да се качи на авион за Калифорнија бидејќи неговиот син Арчи токму тој ден го слави четвртиот роденден.