Моментот кога Болдвин дознава дека Хачинс е мртва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Објавена е снимка од разговорот во текот на кој актерот Алек Болдвин дознава дека снимателката Халина Хачинс, која тој ја застрелал, не преживеала.

Тоа му го соопштиле две полициски службенички.

На видеото се гледа како тие му соопштуваат на актерот дека Халина им подлегнала на повредите, додека Болдвин во шок само рекол „не“, притоа со раката покривајќи ја устата.

Болдвин ја застрелал камерманката Халина Хачинс (42) во октомври минатата година, како што тој рекол, додека вежбал со пиштолот за кој верувал дека е безбеден.

Актерот, кој беше и продуцент на филмот „Рѓа“, претходно изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека нема поим како вистинскиот куршум се нашол на сетот.

На снимката објавена во вторникот се гледа дека полицијата и брзата помош итаат кон местото на настанот. Во други клипови, Болдвин е прикажан како, облечен како каубоец, вежба со пиштолот.

Објавата доаѓа една недела откако властите ги осудија продуцентите на филмот поради непочитување на безбедносните протоколи и ги казнија со 136.793 долари.

Истрагата што ја спроведе Одделението за животна средина во Ново Мексико покажа дека творците на филмот „искажале рамнодушност кон опасностите поврзани со употребата на огнено оружје на сетот“.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -
Ad image
Share This Article