More

    Моментот кога баба ги загуби внуката и ќерката: „Геноцид, а не војна“

    spot_img

    Три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во воздушен напад на украинската престолнина во четвртокот рано наутро, соопштија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и воените власти.

    „Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Дешњан“, објави воената управа на Киев на Телеграм.

    „Меѓу загинатите во областа Дешњан има две деца (5-6 и 12-13 години)“, додаде истиот извор.

    Кличко напиша на Телеграм:

    „Според првите информации добиени од спасувачките екипи, во тој дел на Киев се пронајдени тројца мртви, меѓу кои две деца и четворица ранети.

    Сцените од местото на инцидентот во Киев беа крајно вознемирувачки. Фоторепортерите „уловиле“ постара госпоѓа како се приближува до местото каде што паднала руската ракета и каде на земја лежеле безживотни тела. Набргу старицата сфатила дека тоа се нејзината ќерка и внука. Таа ја скрши …

    „Ова не е војна, ова е геноцид! На луѓето им е доста, бесни се. Ова е чист геноцид врз Украина и украинскиот народ од Русија“, рече Виталиј Кличко.

    Рано наутро руски проектили погодија градинка и три училишта, а детонациите ја потресоа метрополата само четири минути откако се огласија сирените.

    „Видовте сè. Руската политика е терористичка политика“.

    Неколку руски ракети беа истрелани врз главниот град на Украина оваа недела.

    Во понеделникот жителите на Киев мораа да бараат засолниште поради необичен напад во текот на денот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img