Здружението „Секогаш со деца“ синоќа организираше хуманитарен концерт наречен „Дете од соништата“ за помош на децата болни од рак. На оваа акција се одзваа многу јавни личности, меѓу кои и Момчило Бајагиќ Бајага.
Кога се појави на настанот, сите погледи беа вперени во него, а многумина беа воодушевени од неговата многу посветла боја на коса.
Наместо препознатлива црна коса, музичарот сега имаше светло кафена коса.