Момчето со твојот татко тренирале „Airsoft“, игра слична на „пејнтбол“, „ласертаг“ и слични „пукачки“ активности

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Oружарката Ана Симоновиќ за Танјуг вели дека момчето кое уби вчера уби девет лица и рани седум, со одење три пати на стрелиште не можело да се стекне со иксуство за да ги убива сооучениците со толкава прецизност, туку тоа е резултатот од тренирањето „Airsoft“ каде одел со својот родител.

Како што објасни Симоновиќ, која има сертификати за ракување со речиси сите видови огнено оружје, момчето било тренирано, но не на стрелиште, туку активно тренирано во „Airsoft“, што е воено-тактичка симулација, а тоа го искористило за целите на ова кривично дело.

– Коста на тренинзите на „ Airsoft“ го однел неговиот татко и тренирале заедно, што, за многу денес е „анти-стрес игра“ и нема старосна граница, исто како „пејнтбол“ и „ласертаг“ – рече Симоновиќ и истакна дека според неа, во Законот за поседување оружје и муниција нема никаков недостаток, дури тој закон го смета за престрог.

Инаку, „Airsoft“, која најпрво се прошири во Јапонија, е тимска игра со пукање во која учесниците ги елиминираат противничките играчи, означувајќи ги со воздушни пиштоли со мала моќност.

Иако се слични на „пејнтбол“, „ласертаг“ во концептот и играњето, во „Airsoft“ не се оставаат видливи ознаки на погодените играчи и ударите не се секогаш очигледни. Доколку играчот биде погоден, може да му бидат оставени мали модринки или вдлабнатини на отворената кожа. Кога играчот ќе биде погоден, мора да признае дека е „убиен“ и да го напушти теренот.

Многу земји имаат отворени терени каде луѓето можат да ја тренираат оваа игра. САД на пример, уште во 2018 година го официјализираше „Airsoft“ тренирањето и луѓето можат на бројни места да ја играат играта. А како што може да се види, вакви модерни терени за тренирање при што се користат воздушни пушки и пиштоли има само во Белград 5-6 места.

Ова видео ќе ви покаже за каква воено-тактичка игра станува збор:

Share This Article