Момчето Коста Кецмановиќ од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, кој на 3 мај минатата година уби ученици и обезбедувач, за прв пат по масакрот дојде во Специјалниот суд во Белград, пред кој има вооружени полицајци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Момчето Коста Кецмановиќ од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, кој на 3 мај минатата година уби ученици и обезбедувач, за прв пат по масакрот дојде во Специјалниот суд во Белград, пред кој има вооружени полицајци, пишува Блиц.

Момчето ќе биде специјален сведок на судењето на неговите родители.

Како што јавија репортерите на „Блиц“ од местото на настанот, момчето убиец со возило на Брза помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа што ротирале.

Пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки кои го обезбедуваат судот и судењето. Исто така, има и неколку полициски возила.

Како што јавуваат новинарите на „Блиц“ од местото на настанот, шокантни се сцените пред и во судот. Секој час пристигнуваат родителите на убиените деца. Во судот влегуваат потиштени, со наведнати глави.

Сo самото тоа што се согласил да сведочи во постапката против неговите родители, Коста К. ќе мора да одговори на секое поставено прашање денеска. Тоа значи дека за разлика од неговите родители кои досега одбиваа да одговорат на прашањата, момчето убиец ќе мора да се изјасни за секое прашање.

Родителите на убиените деца во Рибникар веќе подготвиле повеќе од 250 прашања кои планираат да му ги постават на момчето убиец.

Според новинарката Јелена Спасиќ од српски Курир, донесена е одлука момчето наместо да сведочи од посебна просторија, да застане на говорницата пред судскиот совет, родителите на убиените деца и сопствените родители.

Судската сала е поделена на три дела, а просторот зад говорницата е одделен со непробојно стакло од просторот каде што ќе седат неговите родители. Во близина ќе седат родителите на убиените деца. Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ веќе е во судница и лично ќе поставува прашања, што е невообичаено.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article