Момче (10) од Шпанија било спасено откако осум часа се држел за дрво за да не го однесе надојдената вода која досега во таа земја усмртила најмалку пет лица.
Семејството на момчето престојувало во викендичка во градот Алдеа дел Фресно, западно од Мадрид, а кога во неделата започнало невремето, заминале со автомобил, кој го однела водата.
Момчето било пронајдено следното утро, валкано и помодрено, но живо.