Момче од Загреб остана без очи, му пукнала петарда в рака

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откако активирал петарда што ја нашол на улица, малолетник во Загреб завршил во болница со тешки повреди.

Со запалка активирал пиротехничко средство, најверојатно фрлено на улица од претходно, соопшти хрватската полиција, повикувајќи ги родителите да ги предупредат своите деца за опасноста од пиротехнички средства.

ТВ Хрватска Нова објави дека се работи за 14-годишно момче кое ја нашло петардата на улица и ја запалило со запалка.

– Тешки физички повреди, значи се работи за повреда на десното око со губење на видот, добил и повеќе изгореници на лицето и на двете раце, како и повеќекратни скршеници на левата рака – изјави Марио Куртањек, детски хирург н во Загреб.

Поради ваквите случаи, петардите од секаков вид се целосно забранети во последните три години, потсетува порталот.

Од полицијата посочуваат дека некористењето пиротехнички средства и други смртоносни средства е најдобрата превенција од повреди. Хрватскиот МУП ги повика родителите, но и другите граѓани, да не купуваат пиротехнички средства за деца кои не се соодветни за нивната возраст и да ги предупредат на опасностите од нивното користење.

Пиротехничките средства не се играчки и нивната употреба може да доведе до сериозни повреди, па дури и доживотно нарушување на функцијата на одредени делови од телото како и нивно губење, потсетува полицијата.

Пораката на полицијата е – воздржете се од употреба на пиротехнички средства, а доколку ги користите, задолжително прочитајте ги упатствата на производителот за безбедно ракување и следете ги.

Share This Article