Момче и девојка паднале од зграда во населбата Центар, по што момчето го загубило животот, а девојката е хоспитализирана и се бори за живот.
Според информациите до коишто дојде Плусинфо, девојката е пејачка на познат скопски бенд, а се очекува наскоро да се разбуди од кома и да просведочи за деталите на трагедијата.
Како што веќе објавија дел од медимите, полицијата сѐ уште не го класифицира случајот како обид за двојно самоубиство.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.