More

    Молскавична победа на Азербејџан против сепаратистите во Нагорно Карабах

    spot_img

    Азербејџан денеска ќе започне мировни преговори со ерменските сепаратисти, по молскавична воена победа во регионот Нагорно Карабах. Кабинетот на претседателот на Азербејџан денеска соопшти дека на преговори во градот Јевлак пристигнала делегација на етнички Ерменци.

    Баку вчера ги прекина воените операции во Нагорно-Карабах, откако постигна успех на бојното поле, принудувајќи ги ерменските сепаратисти да се согласат на прекин на огнот и целосно враќање на регионот под контрола на Азербејџан.

    Разговорите во Јевлак, лоциран на околу 200 километри западно од Баку, се одржуваат во ист ден со вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за конфликтот во Кавказ.

    Баку тврди дека ја вратил контролата врз планинскиот регион за прв пат по децении, само 24 часа по започнувањето на воената операција. Станува збор за регион кој е меѓународно признат дел од Азербејџан, но чии делови се управувани од сепаратистичките ерменски сили од крајот на конфликтот во раните 1990-ти.

    Ерменските сепаратисти се согласија да го предадат оружјето по нападот, тврдејќи дека во судирите загинале 200 луѓе.

    Рускиот претседател Владимир Путин најави дека руските мировни сили ќе посредуваат во преговорите.

    Ерменија и Азербејџан водеа неколку војни за регионот од распадот на Советскиот Сојуз. Конфликтите беа одбележани со воени злосторства од двете страни, а се стравува дека и по последниот конфликт ќе дојде до бегалска криза.

    Колапсот на сепаратистичкиот отпор претставува голема победа за азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Тој рече дека тоа ќе има „позитивно влијание врз мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија“.

    Во средата тој рече дека Ерменците во Карабах ќе можат да учествуваат на изборите во Азербејџан и во државниот образовен систем и дека ќе можат слободно да ја практикуваат својата христијанска вера во државата со мнозинско муслиманско население.

    „Ќе го претвориме Карабах во рај“, најави Алиев, претставувајќи се како човек од збор.

    Неговиот советник за надворешна политика, Хикмет Хаџиев, вети безбеден премин за сепаратистите кои се предадоа и тврдеше дека Баку сака „мирна реинтеграција“ на Ерменците од Карабах. Претставник на сепаратистите изјави дека повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани.

    Во последните месеци, Европската унија и САД посредуваа во преговорите меѓу Баку и Ереван со цел да се обезбеди траен мир.

    Белата куќа во средата објави дека е загрижена за хуманитарната ситуација во Нагорно Карабах, а француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона предупреди на ризикот конфликтот да прерасне во војна меѓу двете земји на Кавказ.

    Поразот на сепаратистите, втор во последните три години, предизвика протести во Ерменија. Во Ереван избувнаа улични борби, а илјадници демонстранти, носејќи знамиња на сепаратистичкиот регион, ги блокираа патиштата. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, наречен „предавник“ на протестите, веќе се соочува со повици од опозицијата да се повлече.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img