Молк за чудните тези на колумнистот на Фронтлајн

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Што се случило со паднатиот авион во Мостар, во кој, на 26 февруари 2004 година, несреќно завршија животите на тогашниот претседател Борис Трајковски и осум члена на државната делегација и на екипажот?

Благојче Атанасоски, колумнист на порталите Фронтлајн и Нова ТВ, во својот најнови прилог на овие портали, под наслов „Руски рулет за Мицкоски“, пишува:

„ Најпросто објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно  ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.“

Што сакал да каже со ова колумнистот на Фронтлајн и на НоваТВ?

Во почетокот на колумната, тој пишува:

„Недипломатските изјави на американската амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, но и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на ‘ти кажувам ќерко, сети се снао’, постојано укажувале на тоа што нашите политички  елити  треба да направат , особено во сферата  на надворешната политика, за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува  само на едно: дека на ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука, за да ја прекине ‘играта’ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, имено докторот даскал Христијан  Мицкоски“.

Судејќи според овој вовед, колумнистот Атансовски прилично јасно инсинуира дека трагедијата кај Мостар е поврзана со „борбата на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското)“, која тие (Американците) „таа борба немилосрдно и бескрупулозно  ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.“

За да биде уште појаснио на што мисли, колумнистот на Фронтлајн и на Нова ТВ пишува:

„Како што кај нас се силни, тие на подземен Белград, како наследство  во мираз од поранешната заедничка федеративна држава, под чиј команден центар бевме формално-правно до 1991, а во реалноста и до ден денеска, цели 32 години по прогласувањето на независноста на Македонија. Напросто: неизгласувањето на уставните измени за влез на Бугарите во Уставот, како услов без кој не се може да се продолжат ефективно и ефикасно европреговарачките поглавја, и Македонија после 18 години застој конечно да тргне напред во интегративниот процес, не е бранење на македонскиот национален интерес, туку одбрана на српскиот свет во државата, како специфична карактеристика на рускиот таков, овде и на Балканот“.

- Advertisement -
Ad image

Од ова може да се заклучи дека колумнистот сака да ни каже дека тие коишто сега бескрпулозно се борат против „српскиот свет“ и против „руското влијание“ во Македонија – Американците! – имале нешто и со трагедијата во 2004 година кај Мостар, во која загина претседателот Борис Трајковски.

По оваа трагедија имаше многу шпекулации за причините за авионската несреќа. Но, не се сеќаваме било кој тогаш да го впери прстот на Американците и на нивната тогашна и сегашна борба против „српскиот свет“ и против „руското влијание“ во Македонија.

Уредништвата на двата портала досега не се огласија во врска со тезите на авторот. Под колумната уредно стои вообичаената формулација дека станува збор за лично мислење на авторот, но кога се изнесуваат вакви серуиозни и тешки инсинуации, уредништвата би требало да имаат јасен став и соодветно со тоа, да носат уреднички одлуки.

- Advertisement -
Ad image

Освен Македонската асоцијација на новинари (МАН), која се огласи со  реакција, засега сите други новинарски здруженија го премолчуваат овој текст.

Во реакцијата на МАН се бара Јавното обвинителство по итна постапка да отвори случај и да изврши распит со лицето Благојче Атанасоски, колумнист во редакцијата на Нова ТВ и Фронтлајн по најмалку две основи: прво, информации за убиство на претседател, што од погинувањето на Борис Трајковски и осумчлената делегација во февруари 2004 година до денес, ниедна истрага не го утврдила и закани по животот, омаловажување и навреди по животот, омаловажување и навреди за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски; и второ, обвинувања дека САД стојат зад ваквите акции.

Share This Article