Молдавски алпинист загина на Монт Еверест, петта жртва од почетокот на сезоната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: FILE PHOTO: Mount Everest, the world highest peak, and other peaks of the Himalayan range are seen through an aircraft window during a mountain flight from Kathmandu, Nepal January 15, 2020. REUTERS/Monika Deupala//File Photo//File Photo

Молдавски алпинист загина рано утринава на Монт Еверест, што е петта жртва од почетокот на овогодинешната планинарска сезона на највисокиот врв на светот.

„Планинарот почина рано денеска, се обидуваме да добиеме повеќе детали“, изјави за АФП Џубарај Кативада, претставник на одделот за туризам.

Сезоната на искачување на највисокиот врв годинава започна трагично, со смртта на тројца непалски планинари во април и еден Американец на почетокот на мај. Осум од десетте највисоки врвови во светот се наоѓаат во Непал, од кои Монт Еверест е највисок (8.849 метри), а секоја сезона прима стотици планинари кога температурите се поблаги, а ветровите се послаби.

Непалскиот алпинист Ками Рита Шерпа (53) денеска по 27-ми пат стигна до врвот, соборувајќи го сопствениот рекорд за најголем број искачувања на највисоката планина во светот, објави организаторот на неговата експедиција.

Share This Article