Молчел цела минута со наведната глава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тито молчел цела минута со наведната глава пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата св.Спас во Скопје на 4 мај 1975 година. Потоа кратко рекол „Слава на херојот“. Триесетина години претходно, во 1946 година, со специјален договор меѓу македонската и бугарската влада моштите на Гоце од Пиринскиот дел на Македонија стигнаа во Скопје.

Всушност, Гоце прво требало да биде закопан во серската област, по наредба на Тефиков, началникот на серскиот гарнизон. Бргу потоа било наредено тој сепак да биде закопан во селото Баница каде и загинал. Три години подоцна, моштите ги ископал Михаил Чаков, соборецот на Гоце и ги сместил во олтарот на црквата во Баница, за во 1917 година, тој самоницијативно да ги пренесе во Софија.

Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија”, ги презела Илинденската организација. Тогаш саркофагот бил изложен во црквата “Света Недела” во Софија. Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.

Share This Article