Моќта ќе се премести од „неразумниот“ Запад кон Азија, предвидува Орбан

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Hungarian Prime Minister Viktor Orban attends a media briefing in Budapest, Hungary, December 21, 2022. REUTERS/Marton Monus/File Photo

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека руското раководство е „хиперрационално“ и оти Украина никогаш нема да може да ги исполни своите надежи да стане членка на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО, пишува Ројтерс.

Орбан изнесе предвидување дека глобалната моќ ќе биде поместена од „неразумниот“ Запад кон Азија и Русија.

– Постои промена која не е видена 500 години. Она со што се соочуваме е всушност промена на светскиот поредок. Во наредните долги децении, можеби и векови, Азија ќе биде доминантен центар на светот – рече Орбан, алудирајќи на Индија, Кина, Пакистан и Индонезија како идни големи светски сили.

Орбан, исто така, тврдеше дека САД стојат зад експлозиите во 2022 година што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ изградени за транспорт на гас од Русија до Германија, нарекувајќи го „терористички чин што беше јасно насочен од Американците“.

Обраќајќи се пред етничките Унгарци на фестивал во Баиле Туснад во соседна Романија, Орбан рече дека за разлика од „слабостите“ на Западот, позицијата на Русија во глобалните работи е разумна и предвидлива, велејќи дека земјата покажала економска флексибилност во прилагодување кон западните санкции.

Порача дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО и на ЕУ бидејќи Европејците немаат пари за такво нешто. Орбан се сомнева дека земјата разурната од војна ќе стане или членка на НАТО или на ЕУ, наведува Асошиејтед прес.

– Ние Европејците немаме пари за тоа. Украина ќе се врати на позицијата на тампон држава – рече тој, додавајќи дека меѓународните безбедносни гаранции „ќе бидат вклучени во договорот меѓу САД и Русија“.

– Европската Унија треба да се откаже од својот идентитет како политички проект и да се трансформира во економски и во одбранбен – заклучи Орбан.

За кандидатурата на Трамп за американските избори Орбан смета дека има за цел „да го повлече американскиот народ од пост-националистичка либерална држава во национална држава“ и дека Трамп е неправедно казнет за да го спречат да се врати во Белата куќа.

- Advertisement -
Ad image
– Затоа сакаат да го стават во затвор. Затоа сакаат да му го конфискуваат имотот. А ако тоа не успее, затоа сакаат да го убијат – рече Орбан, мислејќи на обидот за атентат врз Трамп на митинг во Пенсилванија овој месец.
Share This Article