Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска му додели признание на македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски кој во неделата го одигра последниот официјален натпревар во црвено-жолтиот дрес.
„За ракометарот нема последна игра! Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти!
Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! Ја однесе Македонија на Светско и беше дел од репрезентација која испишува историја! Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт, но и како соиграч на Миркуловски имам можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот. Ти благодариме“, напиша Мојсовски на својот Фејсбук-профил.
Мојсовски низа години настапуваше заедно со Миркуловски и во Металург и во македонската репрезентација.