More

    Моето девојче нека ја најде правдата, рече низ солзи мајка ѝ

    spot_img

    Василики, 11-годишното девојче, кое беше брутално убиено во Грција, вчера беше погребано во родното село, а сцените од погребот се срцепарателни.

    Малата Василики за чие убиство се сомничи нејзиниот роднина, до вечното почивалиште ја придружуваа стотина луѓе.

    Блиските на убиеното девојче го носеа белиот ковчег со телото од нејзината куќа до црквата Свети Анастасиј, каде што беше извршен погребот.

    Во тажната поворка беа и нејзините пријатели од училиштето и професорите, кои не можеа да ги сопрат солзите. Зборовите на нејзината учителка беа потресни.

    – Ти доаѓаше кај мене и ми кажуваше: „Учителке, дали да станам доктор кога ќе пораснам?“ Ти реков „да“. Потоа дојде по неколку дена и ми кажа дека си се предомислила, дека би сакала да бидеш учителка, ти реков: „Биди, моја Василики“ – низ солзи рече нејзината наставничка.

    Василики била среќно дете, полно со планови, а нејзиниот живот застана во миг. Ја убил нејзиниот чичко, бидејќи одбила да има односи со него. Од бес ја избол со шрафцигер и ѝ го фрлил телото во полето.

    За време на погребот одекнуваше лелек, а зборовите на мајката ги потресоа сите.

    – Моето девојче нека ја најде правдата. Моето девојче не го заслужи ова мачење. Сакам да им порачам на сите мајки на светот да се грижат за своите малечки девојчиња. Не дозволувајте да им се случи тоа што ми се случи – рече низ солзи мајката на Василики.

    По погребот над црквата беа пуштени десетици бели балони, а при внесувањето на телото се слушаше аплауз во чест на убиеното девојче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img