More

    Модриќ уште еднаш испиша историја со својот настап за Реал Мадрид синоќа

    spot_img

    Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ (38) во средата стана петтиот играч во историјата на Реал Мадрид по бројот на одиграни натпревари во Лигата на шампионите или Купот на шампионите, објави „Краљевски клуб“.

    Модриќ одигра 80 минути во победата од 1-0 над Унион Берлин на „Сантијаго Бернабеу“, со што го забележа својот 110-ти настап за Реал во најпрестижното натпреварување.

    Овој пат тој го престигна поранешниот бразилски дефанзивец Роберто Карлос кој одигра 109 натпревари за мадридскиот клуб во Лигата на шампионите.

    „Пред Модриќ, само легендите Икер Касиљас (152), Карим Бензема (133), Раул (132) и Серхио Рамос (129)“, соопштија од клубот.

    Модриќ игра за Реал Мадрид од летото 2012. Со него освои пет ЛШ. Реал со 14 титули е клубот со најмногу трофеи во Европа.

    Модриќ го забележа својот прв настап во дресот на мадридскиот клуб во Лигата на шампионите на 18 септември 2012 година, во победата од 3:2 над Манчестер Сити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img