Модриќ им подари потпишан дрес на настраданите од земјотресот во Турција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ донираше потпишан дрес за настраданите од земјотресите кои на почетокот на месецот ги погодија јужна Турција и Сирија.

Дресот со број 10, кој го носеше меѓу Хрватска и Мароко на првиот натпревар на СП 2022 во Катар, Модриќ го испрати до турската амбасада во Загреб.

Оваа вест на социјалните мрежи ја потврди и турскиот амбасадор во Хрватска, Јавуз Селим Киран.

„Ти благодарам Модриќ. Ѕвездата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ, на нашата амбасада и го испрати дресот што го носеше против Мароко на првиот меч на Светското првенство во Катар“, напиша Киран.

Приходите ќе бидат донирани за настраданите од разорните земјотреси.

Лука Модриќ во видео порака упати молитви и поддршка до луѓето погодени од земјотресите во овие тешки моменти.

Останете силни, ние сме со вас и се молиме за вас“, рече Модриќ.

Share This Article