Моди му порача на Путин, а тој му одговорил дека сака сѐ поскоро да заврши

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Индискиот премиер Нарендра Моди му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека сега не е време за војна, „бидејќи светот е многу загрижен за безбедноста околу снабдувањето со храна, енергија и ѓубрива”.

– Знам дека сега не е време за војна и ви кажав за тоа по телефон – му рекол Моди на Путин на маргините на самитот на регионалниот безбедносен блок во Узбекистан, додавајќи дека демократијата, дипломатијата и дијалогот го држат светот заедно.

Путин рекол дека ја разбира загриженоста на Моди за војната во Украина.

– Го знам вашиот став за конфликтот во Украина и ги знам вашите причини за загриженост. Сакаме сето тоа да заврши што е можно поскоро – рекол Путин на средбата со Моди.

Моди и Путин разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, чии постојани членки, заедно со Индија, ги вклучуваат Кина, Русија, Пакистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

Share This Article