Моделот и актерка Емили Ратајковски во подкастот Going Mental откри дека е во тајна врска веќе два месеци, две недели пред да биде снимена како се бакнува со Хари Стајлс во Токио.
Зборувајќи искрено и опширно за нејзиниот љубовен живот, Емили рече дека се гледа со Хари од почетокот на февруари и се надева дека нивната романса би можела да биде долготрајна.
Говорејќи во подкастот снимен на 9 март, две недели пред да биде забележана како се бакнува со Хари во Јапонија на 25 март, таа слатко зборуваше за тоа колку е „прекрасен“ тој.
„Само што почнав да излегувам со некој што мислам дека ми се допаѓа, така што е поинаку. Си помислив колку е тој е некако прекрасен“, рече манекенката и продолжи:
„Мажите размислуваат со меѓуножјето – а тоа не е напредно! По разводот, славната убавица планира следното дете да го направи сама.
„Што барам од партнер? Ми се допаѓа некој кој е многу независен. Мислам дека тоа е многу важно за мене бидејќи имам комплетен живот. Се надевам дека излегувањето со некој кој има повеќе од својот живот ќе ги спречи проблемите што ги имав претходно.“
Да потсетиме, видеото од страсниот бакнеж на Хари и Емили на улиците во Токио додека тие апсолутно не обрнуваа внимание на другите луѓе го обиколи светот, а многумина коментираат дека најпопуларниот пар на денешницата е тука.
По разводот со Себастијан Бер-МекКлард, Емили ја поврзуваа со неколку мажи. Беше во врска со Пит Дејвидсон, се шушкаше дека нешто се случува помеѓу неа и Бред Пит, наводно била видена со Џек Грир, а за Денот на вљубените објавила фотографии со Ерик Андре.