Американската дизајнерка Вили Чаварија на модната недела во Њујорк претстави колекција од извалкани и искинати гаќи.
Американската дизајнерка Вили Чаварија на модната недела во Њујорк претстави колекција од извалкани и искинати гаќи.
Очекувано, реакциите беа негативни, па многумина изјавија дека модата станува се побизарна.
„Богатите сакаат да се преправаат дека се сиромашни“, „Ми се згади од вакви дизајнери кои мислат дека се револуционерни“, „Срамота е што се обидуваат да ја направат сиромаштијата модерна“, „Можам да ги замислам Кание и неговите сопруга која шета по улиците на Венеција во овие гаќи“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Својата кариера во светот на модата Каварија ја започна кон крајот на 1990-тите. Освен што е основач на истоимениот бренд, тој работи и како дизајнер за Келвин Клајн.
Тој тврди дека го покренува прашањето за расната нееднаквост, политиката и сексуалноста преку облеката што ја создава, пренесува Klix.ba.
„Сакам да им покажам на луѓето форми на убавина на кои досега не биле изложени. Сакам да предизвикам емоција кај нив и да им дадам до знаење дека има толку многу непрепознатлива убавина во светот“, изјави дизајнерката претходно во интервју за магазинот „Town & Country“.