More

    МНР: Нејзината цел е да осигура чист јазик без фусноти и додавки

    spot_img

    Целта на унилатералната изјава за јазикот која владата ја поднесе до ЕУ е да осигура дека македонскиот јазик ќе биде формулиран без какви било фусноти или додавки, вели Министерството за надворешни работи во соопштение по реакциите на голем дел од експертската јавност дека изјавата се коси со начелата на лингвистиката и македонистиката и дека не ги зема предвид јазичните традиции пред 1944 година и македонските дијалекти вон државата.

    Според МНР самата изјава содржи делови од Уставот на Република Македонија, а поради нејзиниот краток формат во неа даден е само кус осврт поврзан со кодификацијата на литературниот македонски јазик и неговата заснованост на централните говори од западното наречје. Се вели и дека договорот со Фронтекс кој треба да биде финализиран ќе биде првиот документ меѓу ЕУ и Македонија каде македонскиот јазик ќе биде чисто формулиран.

    Еве го целото соопштение на министерството:

    „Унилатералната изјава на Република Северна Македонија претставена на првата Меѓувладина конференција за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е еднострана изјава чија првенствена цел е да се осигура употребата на чиста формулација за македонскиот јазик, без какви било објаснувања, додавки или фусноти, во документи на Советот на Европската унија. Во таа функција, со оваа изјава се соопштува нашата позиција, пропишана во Уставот на Република Северна Македонија за македонскиот јазик како службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

    Изјавата во себе содржи релевантни делови од Уставот на Република Северна Македонија, Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија од 29 јули, 2021 година, и заклучоците од седницата на Собранието на Република Северна Македонија од 16 јули, 2022 година. Во согласност со форматот на унилатералната изјава, даден е кус осврт поврзан со кодификацијата на литературниот македонски јазик и неговата заснованост на специфичниот развој на дијалектите кои се земени како основа за кодификацијата и кои биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија, а тоа се централните говори на западното македонско наречје односно говорите на оската Битола – Прилеп – Велес – Кичево. Поради ограничувањата поврзани со форматот и целта на унилатералната изјава, наведени се само неколку информации и податоци поврзани со јазичниот, просторен и временски континуитет на македонскиот јазик кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ како и неговото значајно место во славистиката и лингвистичката наука.

    Потсетуваме дека Преговарачката рамка за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, која беше усвоена од Советот на ЕУ на 18 јули 2022, е првиот документ на Советот на ЕУ во кој е содржана чиста формулација за македонскиот јазик. Како што беше најавено од Европската комисија, наскоро ќе биде склучен Договорот за статусот на Фронтекс со јазична одредба во која покрај 24-те службени јазици на ЕУ ќе биде поименично наведен и македонскиот јазик. Договорот за статусот на Фронтекс ќе биде првиот билатерален договор меѓу Северна Македонија и Европската унија кој ќе содржи стандардна јазична одредба со вклучен македонски јазик.

    Сите идни документи на Европската Унија каде што ќе треба да биде наведен македонскиот јазик, во нивната целосна правна, политичка и административна форма ќе ја гарантираат рамноправната позиција на македонскиот јазик и неговата употреба без какви било објаснувања, додавки или фусноти“, се вели во соопштението на МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img