Македонија го одбила барањето на Амбасадата на Руската Федерација за користење на воздушниот простор на земјата за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделник, на 6 јуни, планира посета на Белград, потвдиле од МНР за Радио Слободна Европа (РСЕ) .
Барањето на руската амбасада е испратено и покрај тоа што Македонија воведе воздушни санкции кон Русија на 28 февруари, по инвазијата на таа земја врз Украина, која започна на 24 февруари.
Лавров заедно со рускиот претседател Владимир Путин е на списокот со санкции во многу западни земји поради инвазијата на Украина. Единствените земји во кои можат да патуваат во Европа се Белорусија, Молдавија, Србија и Босна и Херцеговина.