More

    Многумина шокирани: Германски тенисер си даде инекција за време на мечот поради болест

    spot_img

    Александар Зверев го совлада Давид Гофифн со 5:7, 6:3, 6:4 и со тоа избори пласман во третото коло, но еден детал беше многу позначаен од самиот меч.

    Зверев јавно зборуваше за дијабетесот и е еден од оние кои ја шират свеста за болеста, за која се вели дека стана вистинска епидемија во 21 век бидејќи се повеќе луѓе стануваат дебели поради начинот на живот. Станува збор за дијабетес и има два вида – 1 и 2. Повеќето луѓе имаат тип 2, се проценува дека околу 95 проценти од луѓето кои страдаат од оваа болест.

    Зверев беше снимен како си дава инсулинска инјекција, иако ова не се случува првпат, многу позначајно е сега кога е снимено на камера. Тој минатата година откри дека живее со оваа болест.

    „Како момче не размислував многу за тоа, но како што растев се повеќе ми беше на ум“, рече Зверев минатата година, а ја основа и фондацијата „Сервис против дијабетес“.

    Несекојдневна ситуација на мечот… Секој што не знае дека Саша Зверев боледува од дијабетес, можел се да помисли.

    Тој објасни како одлучил јавно да проговори за тоа.

    „Многу години подоцна и по успешни сезони, се чувствувам доволно уверен да излезам во јавноста со оваа иницијатива.

    Покрај тоа што сака да ги поддржи луѓето кои веќе имаат дијабетес и да ги поддржи децата кои „можат да останат здрави со соодветна превенција и активен животен стил“.

    Фондацијата има за цел да го финансира купувањето на инсулин и други лекови потребни за борба против дијабетесот, а фондацијата веќе имаше неколку проекти на оваа тема.

    Тој за „L’Equipe“ зборуваше за предизвиците со кои се соочувал во детството.

    „Се срамев, ме исмејуваа на училиште. Во една прилика ми ја украдоа целата опрема – мерач на шеќер, инсулин… Подоцна ја најдов надвор, скршена на земја“, изјави во една прилика.

    Тој објасни дека долго време негирал дека е дијабетичар.

    „Го негирав тоа кога новинарите ме прашаа дали сум дијабетичар. Се криев дури и на турнири кога се инјектирав, тоа го правев во тоалет. Отпрвин се криев од моите девојки. Денеска, моја одговорност е да зборувам за тоа“.

    Потоа објасни со што се мачи на теренот.

    „За време на долгите натпревари бев малку изгубен, се прашував каде сум. За време на тренинзите понекогаш ми се врти, па затоа морам да паузирам или да одам да јадам нешто и да се вратам за еден час. Менталниот товар е огромен. Со оваа болест можеш да живееш нормално, но секогаш ти е на ум… На почетокот си во фаза на негирање, но кога ќе ја прифатиш ситуацијата, тогаш може да станеш психички посилен“, вели Германецот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img