Софија има три барања за Приштина во врска со Гораните и нивната националност, но Гораните не се чувствуваат како Бугари. Тоа се признавање на наводно бугарско малцинство, загарантирано место во советот на заедници и постоење на Бугари во Уставот. „Еуроњуз Србија“ анализира што ќе се случува во идниот период со ова малцинство во пресрет на претстојниот попис.
Гораните се автохтон народ од муслиманска вероисповед чиј јазик е архаичен словенски говор. Бугарскиот претседател Румен Радев на посета во Приштина пред неколку недели изјави дека има околу 15.000 Бугари во Косово мислејќи на Гораните. Истото го побара и потпретседателката на Бугарија Илина Јотова.
На ова бугарските челници добија одговор дека на пописот во април секој може да се изјасни како сака.
– Косово е мултиетничко и неговиот Устав вели дека е држава на Албанците и другите заедници. Затоа, нема ограничувања и никој не спречува никого да се самоидентификува на која заедница припаѓа – изјави претседатлката на Косово Вјоса Османи.
А на југот на Косово, во Призрен, канцеларијата на Здружението за развој и интеграција на бугарската заедница ја отвори самиот претседател Радев.
– Овој пат ни беше дадена можност, претседателот на една европска земја која го призна Косово, нашата пријателска земја Бугарија, сака да ни помогне и што има лошо во тоа? Засега во Призрен нема Бугари. Нема ниту еден. Не постои, официјално не постои. Ако некој собере 500-600 потписи и на некој му каже дека е Бугарин, тоа не држи вода. Официјален податок е пописот. Ако Бугарите работат на тоа нека го направат, немам ништо против, но имаат соработка со нас во однос на економскиот развој на жупанијатса – изјави Абаз Адеми од Здружението за развој и интеграција на бугарската заедница во Косово.
Гораните живеат во економски најнеразвиените делови на Косово, Жупа и Подгора.
– Многумина, особено од Призрен, одат да студираат во Бугарија со надеж дека за време или по нивното образование можеби ќе можат да добијат бугарски пасош. Ова се причините поради кои луѓето ги пополнуваат тие формулари и сакаат да се образуваат и да добијат пасош. И патем, во таа форма имав можност да го видам, во првата реченица на бугарски јазик пишува „аз, тој и тој од булгарски произход“, значи јас сум тој и тој, со бугарско потекло – изјави Садик Идризи, професор на Универзитетот во Призрен.
Во изјава за „Еуроњуз Србија“, Радивоје Младеновиќ од Институтот за српски јазик САНУ рече дека ставот на Софија е „дека планетата Земја најпрвин била населена со Бугари“.
– Повеќе од сто години дел од бугарската државна политика и бугарската наука и квазинаука се обидуваат да докажат дека поголемиот дел од Балканскиот Полуостров всушност припаѓа на периферните бугарски јазици и дека во овој контекст многу агресивен беше формиран проект, кој делува како Косово и Метохија, како и во внатрешниот дел на Србија – рече тој.
Зборувајќи за Гораните, тој рече дека тие не се чувствуваат како Бугари и дека повеќе би сакале да припаѓаат на посебна етно-културна заедница.
– Горани, знаете, е словенечки идиом, кој во најстариот слој несомнено припаѓал на српскиот јазичен систем, меѓутоа, тоа е Шарпланинскиот сточарски регион и дека од јужниот дел на Шарпланина допатувало население со различен дијалектен тип, а тоа население ја променило својата структура на горанскиот говор. Во овој момент, зборувам во овој момент, горанскиот говор е во основа периферен западномакедонски со инфилтрација на српски карактеристики – рече тој.
На прашањето кој е нивниот мотив да земат бугарско државјанство, доколку не се чувствуваат Бугари, Младеновиќ вели дека тоа е исплатливо.
– Причините се многу профитабилни, од моментот кога некој ќе земе бугарско државјанство добива бугарски пасош, со бугарски пасош може да се оди во Европската унија. Тоа е крајната линија. Дозволете ми да ви дадам поинаков пример. Во романскиот Банат има група со српско потекло од католичка вероисповед. Во 1990-тите, Хрватска им понуди хрватски пасоши со кои потоа можеа да патуваат во Европската унија, а голем број Карашеваци од профитабилни причини прифатија хрватско државјанство. Истото се случува и со луѓето во Гора – рече тој.
Како што вели, Гораните успешно се спротивставуваат на асимилацијата.
– Тоа е етно-културна заедница која е длабоко вкоренета, која е многу упорна во својот идентитет. Само да кажам дека во Албанија, таа Гора не е цела на Косово и Метохија, т.е. во Србија, но има девет населени места во Албанија, иако од 1945 година тие се принудени да посетуваат училишта на албански јазик, тие сè уште го користат јазикот на Гора во нивната меѓусебна комуникација. Што ќе се случи? За жал, Гора во овој момент е главно празна. Во Борча до Белград има повеќе Горани отколку во самата Гора – додаде тој.
Интересно е што соседна Албанија го вклучи бугарското малцинство во својот устав во 2018 година.