More

    Многу Украинци за прв пат ќе го слават Божик на 25 декември

    spot_img

    Мноштво луѓе се собираат на еден од најомилените плоштади во Киев за да ја видат главната новогодишна елка во Украина осветлена за Св. Никола според новиот календар по кој Божиќ се слави на 25 декември.

    Откако украинската војска е вклучена во 21-месечна војна против Русија, ова е првпат многу Украинци да го одбележат празникот според новиот календар – одобрен од главната православна црква во земјата за да се дистанцира од практиката во Русија.

    – И во овие тешки времиња имаме можност да дојдеме да ја видиме нашата елка во центарот на нашиот главен град. Можеби не за да славиме, туку да го почувствуваме божикниот дух и сепак, да можеме да го одбележиме и во нашата земја – изјави 29-годишната  Олесија Пољарош.
    Веселелото расположение кај насобраните граѓани на Киев се крена кога се запалија светилките на елката на плоштадот пред црквата Св. Софија од 11 век, додека семејствата дегустираат палачинки и варено вино во соседните киосци.

    Повеќето Украинци се православни христијани, а главната црква во земјата се согласи на почетокот на оваа година да отстапи од јулијанскиот календар – кој го слави Божиќ на 7 јануари.

    Повеќето православни земји генерално го слават Божиќ на 25 декември, но Русија, Србија и Македонија се меѓу оние кои го користат јулијанскиот календар. Многумина на плоштадот рекоа дека се согласуваат со изменетиот датум.

    – Не треба да имаме ништо заедничко со таа земја (Русија). Свети Никола и нашите момчиња (војници) не поврзуваат сите денеска. Дрвото сјае, не е премногу големо, токму она што ни треба во овие времиња – вели Пољарош.
    Инженерката Катерина Дидик (32) вели дека годинава прв пат го прославува Св.Никола толку рано, наместо на 19 декември, но признава дека Божик го слави по новиот календар.

    – Всушност, во последните седум години го славам Божиќ на 25 декември – вели 32-годишната Украинка.

     

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, симболично ги запали светилките на дрвото, велејќи дека тоа е финансирано од приватни донации за да се овозможи издвојување на јавните пари за војската.

    Новогодишната елка светна и ги развесели и граѓаните и во Одеса, украинскиот град на брегот на Црното Море кој во 21-месечната војна многупати беше на цел на руските проектили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img