Младите од Македонија може да добијат бесплатен билет за воз и да патуваат низ Европа

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европската комисија објави повик за бесплатен билет за воз за патување низ Европа, на кој може да се пријават и младите од Северна Македонија.

Пријавите за учество во иницијативата Откријте ја ЕУ- Discover EU ќе траат до 29 март, а 35.000 избрани кандидати ќе добијат бесплатна пропусница, јави дописникот на МИА од Белград.

Поканата е отворена за млади луѓе родени од 1 јули 2004 година до 30 јуни 2005 година од земји-членки на ЕУ и земји вклучени во програмата Еразмус +, како што се Србија, Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција, објави Комисијата.

Заинтересираните треба да се пријават преку Европскиот портал за млади, да одговорат на пет прашања од квиз за ЕУ и други младински иницијативи на ЕУ и уште едно дополнително прашање.

Избраните кандидати ќе можат да патуваат во Европа најмногу 30 дена, во периодот од 15 јуни 2023 година до 30 септември 2024 година.

„Овогодинешните учесници ќе можат да ја откријат новата рута на европскиот Баухаус, лансиран во јануари 2023 година, чија цел е да ги инспирира младите во изборот на нивните дестинации и да ја подигне свеста за важноста од заедничко создавање на „убава, одржлива Европа“, се вели во соопштението на ЕК.

Учесниците, исто така, ќе можат да ги искористат предностите на иницијативите започнати во текот на 2022 година, Европската година на младите, како што е Културната рута на иницијативата „Откријте ја ЕУ“, која комбинира различни дестинации и културни гранки, вклучувајќи архитектура, музика, ликовни уметности, театар, модата и дизајнот.

Добитниците на пропусницата ќе можат да ги посетат европските престолнини на културата, места кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО, локации со ознака за европско наследство или места кои добиле награди за пристапност на градот.

Тие, исто така, ќе можат да користат картичка за попуст со повеќе од 40.000 попусти за јавен превоз, културни и спортски настани, сместување, храна и други услуги достапни во земјите што ги исполнуваат условите.

- Advertisement -
Ad image

Националните агенции за програмата Еразмус+ ќе имаат информативни состаноци со избраните кандидати за да ги подготват за патувањето, а лицата со попреченост или здравствени проблеми ќе добијат дополнителна поддршка и придружба за време на патувањето.

Иницијативата Откријте ја ЕУ беше лансирана во јуни 2018 година и е вклучена во новата програма Еразмус за периодот 2021-2027 година.

Од 2018 година, 212.700 луѓе добиле патни карти, а се пријавиле речиси 916.000 апликанти. Според најновото истражување по патувањето, 72 отсто од апликантите рекле дека тоа им е прв пат да патуваат со воз надвор од нивната земја, а за многумина тоа е прво патување без родители или други возрасни лица.

- Advertisement -
Ad image

Патувањето им помогна на повеќето од учесниците да станат понезависни, да се запознаат со другите култури и европската историја, како и да го подобрат своето познавање на странски јазик, се вели во соопштението.

Share This Article