More

    Младите македонски ракометарки го завршија настапот на ЕП на 15.место

    spot_img

    Женска ракометна јуниорска репрезентација на Македонија на последниот натпревар ја забележа првата победа и го избегна последното место на Европското младинско првенство во Романија. Македонските ракометарки во завршниот дуел ја победија Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на ЕП на претпоследното 15. место.

    Во претходните шест натпревари избраничките на селекторката Јулијана Дамчевска запишаа  шесте последователни порази од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29). Но, младите македонски ракометарки сепак, на крај собраа сили и се израдуваа на победа.

    Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но македонската репрезентација го издржа притисокот и со победа го заврши настапот на континенталниот собир.

    Најефикасна во македоската селекција беше Емилијана Ризоска со девет погодоци, пет постигна Теодора Дукоска, по четири реализираа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска.

    Ема Кирова собра девет интервенции на голот, а пет одбрани запиша Марија Јованоска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img