More

    Младите македонски фудбалерки изборија пласман во А дивизијата во Лигата на нациите

    spot_img

    Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го освои првото место на квалификацискиот турнир во Молдавија и обезбеди пласман во елитната А дивизија во Лигата на нации на УЕФА, откако попладнево во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациите триумфираше над Велс со 2-1.

    Катерина Петкова (2 минута) и Веса Села (50 минута) ги постигнаа головите за македонската репрезентација која со максимални три победи го освои првото место на квалификацискиот турнир и обезбеди место во квалификациите во Лига А за пласман на Европското првенство.

    Избраничките на селекторот Астрит Мерко во воведното коло го совладаа домаќинот Молдавија со 4-0, а во второто беа поуспешни од Литванија со 2-0.

    Противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, македонската репрезентација ќе ги добие од Лига А.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img