Младите македонски фудбалери поразени од Швајцарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги загуби шансите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи ова лето во Северна Ирска, откако денеска загуби од Швајцарија со 2-0 во рамки на 2. коло во групата 7 во квалификациите во елитната рунда.

По стартниот пораз со идентични 2-0 од Украина, избраниците на селекторот Тони Јакимовски попладнево беа поразени и од Швајцарија и останаа без теоретски шанси за првото место во групата кое носи пласман на завршниот турнир од 15 до 28 јули во Северна Ирска.

Стрелци на головите за Швајцарија беа Пол Лигуе во 12 минута и Ромео Бенеј во 80 минута.

Македонските фудбалери квалификациите ќе ги заокружат во вторник против Латвија, која денеска, исто така, го претрпе вториот пораз и беше совладана од Украина со 3-0.

Украина и Швајцарија водат на табелата со 6 бодови, а Македонија и Латвија се без освоен бод.

Share This Article