Македонската млада репрезентација вечерва неочекувано загуби на гостувањето кај Молдавија (1-2), со што ги загуби реалните шанси за пласман на ЕП за фудбалери до 21 година, во меч во кој беа драстично оштетени во судиското продолжение.
Жолто-црвените во 94. минута постигнаа и втор гол преку Абази, кој ќе значеше изедначување на 2-2 на четири минути до крајот, но судиите досудија офсајд. Повторените снимки од спорниот момент, сепак, покажуваат дека Македонија е ограбена односно дека нашиот напаѓач не беше во недозволена позиција во моментот кога му беше упатена топката.
На оваа средба немаше ВАР за да реагира, поради што одлуката на судијата остана конечна, па Молдавија до крајот ја задржа предноста и на жолто-црвените им го нанесе вториот пораз во третиот меч од овој квалификациски циклус.