Младиот Никола замина за Турција, 19-годишното момче ја започнува битката со канцерот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рано утрово, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

„Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција.
Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов!“, напиша Стефковски.

Share This Article