Младиот човек кој му удри бокс на Сали Бериша среде Тирана, за време на протестот на опозицијата на самитот ЕУ-Западен Балкан бил психијатриски пациент кој не ги пиел редовно своите лекови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Младиот човек кој му удри бокс на Сали Бериша среде Тирана, за време на протестот на опозицијата на самитот  ЕУ-Западен Балкан бил психијатриски пациент кој не ги пиел редовно своите лекови. Ова за Еуроњуз Албанија го изјавил неговиот лекар во утринска емисија на телевизија.

Докторот, Садик Лала, вели дека 31-годишниот Герт Шеху имал халуцинации и нарушување во однесувањето.

– Тој беше на лекови. Не земал лекови редовно. Ние, за разлика од општата медицина, имаме посебна дисциплина(ЕСМ), а тоа е испитување на менталниот статус, што е инаку стандардно низ целиот свет. Историјатот на некое минато заболување кај пациент кога правиме одреден извештај не се менува – вели докторот Лала

– Испитувањето на менталниот статус го испитува токму тоа, каква е перцепцијата, какво е размислувањето, какво е однесувањето, мислите, дали личноста има или нема заблуди. Суштината на психозата ја сочинуваат најмалку два од следните три симптоми: заблуди, лажни верувања, халуцинации и она што е најважно, нарушување во однесувањето – нагласи тој.

Герт Шеху (31) во вторникот напладне го нападна лидерот на ПД Сали Бериша, додека овој маршираше кон булеварот „Дешмори е Комбит“ за да учествува на протестот. Тој го удрил Бериша по лицето при што го раскрварил. Веднаш бил приведен од телохранителите на Бериша, а во меѓувреме самиот бил нападнат од поддржувачи и симпатизери на ДП.

Шеху бил придружуван од полиција и моментално е на лекување во болница, бидејќи има повреди на лицето и скршеница на носот.

Полицајците двапати се обиделе да го сослушаат младиот човек, но поради неговата здравствена состојба тој засега не дал никакви докази.

Сали Бериша го обвини Рама за инцидентот.

Share This Article