Младен Чадиковски е реизбран за претседател

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Младен Чадиковски денеска на редовно годишно изборно собрание повторно е избран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

По преброените гласови, тој го доби потребното мнозинство и со убедлива разлика победи пред противкандидатите Марјан Николовски и Филијана Кока.

За Чадиковски гласаа 275 членови на ЗНМ, Николовски доби 119 гласа, додека Кока 53 гласови од членовите на ЗНМ. На денешното собранието присуствуваа 465 членови на ЗНМ.

Чадиковски изјави дека пред се е среќен и задоволен што новинарите денеска се обединија.

– Денеска направивме еден собир, да речам, најголем во историјата на македонското новинарство, каде што повеќе од 450 новинари, сниматели, медиумски работници, дојдоа демократски на фер начин да си го искажат своето мислење за тоа каде треба да се движи новинарството понатаму. И особено сум среќен и задоволен што сите заедно и тие што учествуваа на ова Собрание, значи конкурентите, и УО сето она што ќе значи дел од органите на ЗНМ во иднина ќе продолжи да работи на принципите на професионалност, на правда, етика во новинарството, со намера да го засилиме и зголемиме потенцијалот на македонските новинари, сниматели и сите медиумски работници – изјави новоизбраниот претседател на ЗНМ.

Тој нагласи дека новинарите мораат да работат за граѓаните на начин што тоа ќе значи во основа да ги почитуваат сите оние стандарди и принципи.

– Меѓутоа и не само тоа, се разбира и понатаму да продолжиме со фокус на граѓаните на сето она што се нивни проблеми. Зошто, затоа што само така подобро ќе влијаеме за да ги подобориме состојбите во ова општество.  Продолжуваме посилно, подобро да работиме во наредниот период – порача Чадиковски.

Додаде дека сите идеи од колегите, новинарите од медиумските работници се добредојдени. ЗНМ, подвлече, е отворено за сите, и ќе остане така и понатаму.

Членовите на ЗНМ денеска ги избираат и членовите во Управниот одбор, во Надзорниот одбор и челнови во Советот на честа. Дваесет и четири кандидатури има за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа.

- Advertisement -
Ad image

ЗНМ е здружение на професионални новинари основано на 17 февруари 1946 година во Скопје.

Share This Article