Младата мајка Кили Ли трпи осуди од „хејтери“ на социјалните мрежи откако објави дека станала мајка на 14, на 16, а потоа и на 18 години. Ли сега има 21 година и има три деца, на возраст од седум, пет и три години, со двајца различни мажи, поради што често се соочува со критики на социјалните мрежи, пишува лондонски The Sun.
Дека е бремена со првото дете дознала кога имала само 14 години, а набрзо потоа раскинала со таткото на детето. Потоа запознала друг партнер со кого имала уште две деца.
На Тик-ток, младата мајка редовно споделува клипови од нејзиниот живот, а во едно такво видео Кили откри дека и покрај раскинувањето со таткото на нејзиното прво дете пред седум години, двајцата сега повторно се во врска.
– На 14 години? Тоа е навистина прерано – пишува еден корисник под едно од видеата.
Кили одговара дека забременила случајно, но сфатила дека мора да преземе одговорност за своите постапки, односно дека не сакала да абортира.
– Сакав дете во одреден момент од животот. Од мала знаев дека сакам да бидам мајка, па си помислив зошто да не сега, кога тоа веќе се случи – вели таа.
Кили објаснува дека по првата бременост се вратила на училиште, ги положила сите предмети по кои заостанувала, а потоа повторно забременила на 16 години. Кили додала дека одлучила да има деца малку разделени по возраст, за да може повторно да „има живот“ штом ќе пораснат.
– Разбирам за првото дете, но другите две? – пишува еден од следбениците на Кили.
– Значи, престанете да имате незаштитен секс? – советува друг профил.
И покрај противењето на многумина, Кили вели дека е задоволна и среќна со животот што го избрала.
– Кога луѓето ве нарекуваат со погрдни имиња во коментарите затоа што сте имале три тинејџерски бремености, но ќе живеете подобро од нив на 30 години, зашто тие тогаш ќе трчаат на училиште да ги земат своите деца – вели таа во едно видео.
Кили неодамна изјави дека тоа што станала мајка трипати како тинејџерка воопшто не ја променило, освен што сега има обврски зашто треба да се грижи за нив.
Луѓето, сепак. во коментарите остро ја критикуваат. Сепак, има и такви луѓе кои ја поддржуваат.
– Ќе бидеш толку млада кога твоите деца ќе пораснат, па ќе можеш да го живееш својот живот одново – се вели во еден од коментарите. Друг пак вели: „Мајките тинејџерки треба да добијат некаква награда, секоја чест“.