Младата кумановка одела на редовни контроли во бременоста

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог, покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.  Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

„Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20.30 часот изваден е плодот а во 20.45 часот е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог“, се наведува во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

– Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега – изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Share This Article